| четврток, 6 декември 2018 |

Нема прозори, нема проблем ќе ги нацртаме

При купување на стан сигурно прво што проверувате се прозорите, колку има, какви се, дали се во ред, колку светло влегува. Едни досетливи кинески претприемачи се сетиле како полесно да ги намамат купувачите, па на зградата нацртале прозори.

Од далеку навистина изгледа како зградата да е исполнета со прозори, па ќе си речете дека во станот секогаш ќе имате сонце, но кога ќе се доближите поблиску ќе забележите дека тие се нацртани.

Градските власти од градот Квингдау често добиваат жалби од купувачите на ефтините станови, кои дури по купувањето забележале дека тие прозори не можат да ги најдат во новиот стан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top