| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца уапсени за грабежот на училиштето „Стив Наумов“

krazba kompjuteri

Двајца арамии, од кои еден е од Скопје, а другиот од Прилеп, се уапсени за кражба на 61 компјутер од Основното училиште „Стив Наумов“.

СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје за лицата К.С. (19) од Скопје и Х.П. (22) од Прилеп поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ.

Пријавените на 23 овој месец, околу 3 часот, на улица „Јане Лукровски“ б.б. Скопје, од просториите на ОУ „Стив Наумов“ извршиле кражба и противправно присвоиле 61 подвижен (лап-топ) компјутер (марка „комтрејд“), и при тоа причиниле материјална штета која дополнително ќе биде утврдена. Во просториите на основното училиште влегле со насилно отворање на еден од прозорците од училниците, и од повеќе училници, вкупно одземале 61 компјутер. По извршената кражба, сторителите со велосипедот со мотор го напуштиле местото, носејќи ги со себе украдените компјутери (сместени во седум ранци) и се упатиле во куќата на С.К. Украдените компјутери ги сокриле во шупата што се наоѓа во дворот од куќата.

По добиени оперативни сознанија, на 25 овој месец, во просториите на ПС Гази Баба, приведено е лицето С.К. и по извршениот разговор со него истиот го признал делото. По обавениот разговор со осомничениот и добиената судска наредба, истиот ден, извршен е претрес во домот на А.К. (татко на приведениот), каде се пронајдени вкупно 47 лап-топ компјутери, 5 мауси, 52 адаптери-полначи за лап-топ, и еден ранец. Веднаш потоа, приведено е и лицето Х.П., од кого е одземен еден лап-топ, еден маус и еден полнач, и по обавен разговор со него, истиот го признал делото. Пронајдените предмети се одземени со потврда за привремено одземени предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top