| четврток, 6 декември 2018 |

Иниеста татко по втор пат

Еден од најдобрите фудбалери во светот Андрес Иниеста денеска потврди дека ќе стане татко по втор пат.

– Многу сме среќни што можеме да споделима ваква вест – напиша Иниеста на неговиот профил „Инстаграм“.

Иниеста и неговата сопруга Ана Ортиз ја имаат двегодишната ќерка Валерија.

Шпанскиот фудбалер со тимот на Барселона досега освои шест титули за шампиони на Шпанија и три титули во Лигата на шампиони, додека, пак, во репрезентативниот дрес може да се пофали со две европски титули и една како светски шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top