| четврток, 6 декември 2018 |

Кемет најавува удвојување на бројот на вработени

kemetИзвршниот директор на Кемет електроникс Гвидо Галени, открива дали се задоволни од водењето бизнис во земјава – една година откако компанијата почна со работа во Бунарџик. Галени информира дека во иднина компанијата планира зголемување на производството и бројот на вработени.

Ние треба да растеме како компанија и да го подигнеме нашето ниво на вештини кое ќе ни овозможи да инвестираме во различни производни процеси. Денес ние го развиваме идното раководство на нашата македонска компанија и успешноста ќе ни овозможи двојно да го зголемиме производството и бројот на вработени во блиска иднина, го пренесува Лидер, извршниот директор на Кемет електроникс Гвидо Галени.

Исклучително се задоволни од работата и заложбите на ТИРЗ во насока на подобрување на условите за работа. „Ја користиме секоја можност за препорака на Македонија на странските инвеститори“- потенцира Галени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top