| четврток, 6 декември 2018 |

Војводина бара Република

Republika-Vojvodina-san-autonomašaВојводинската конвенција во која се политички партии и граѓански здруженија кои се залагаат за широка автономја на Војводина, денеска побара нов Устав и преуредување на Србија во сојузна држава во која Војводина ќе биде Република.

На Војводина и е потребен Устав со кој ќе бидат дефинирани законодавните судските и извршните надлежности во сите области освен армијата и одбраната, надворешната политика, царина, државната безбедност, кои би биле во надлежнбост на Сојузната република Србија, стоои во соопштението.

Според нив, преговорите со Еу се вистинскиот момент за носење на нов устав.

Војводина може да опстане само ако има политички субјективитет и елементи на државност, инаку ќе се претвори во географски поим и српска провинција со колонијален статус, на што сериозно заликува, наведуваат во Војводинска конвенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top