Вечерва во Скопје ќе се одигра дерби дуелот АБА јадранската лига. Македонскиот шампион го пречекува неколкукратниот победник во ова натправарување и најдобриот тим на балканот кој е редовен учесник на евролигата Партизан.
Минатата сезона која беше дебитантска на МЗТ во Скопје Партизан беше изненаден и поразен. Тренерот на белградскиот тим Душан Вујошевиќ има високо мислење за МЗТ и најавува голема битка на теренот за освојување на бодовите.
– Оваа година МЗТ е појак тим од минатата со доведувањето на Синовец, Лучиќ и Костовски. Не смее да се заборави дека тие се тим кој играат неколку години со ист состав и имаат големо искуство. Ние по натправарот со Барселона во евролигата врзавме неколку победи и би било добро тој ритам да го продожиме и со победа во Скопје која ќе биде многу значајна. Сите тимови кои играат пред домашна публика против Партизан даваат и повеќе од 100% од своите можности. Така ќе биде и вечерва од страна на МЗТ – изјави Војошевиќ во пресрет на гостувањето во Скопје.
Натпреварот се игра во СЦ Борис Трајковски во 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.