| четврток, 6 декември 2018 |

Пимен: Фејсбук не е баук

pimen stefanСоцијалните мрежи не се баук, туку дел од секојдневната култура на живеење. Во каков тренд би се вклучиле доколку целосно ги екскомуницираме, го пренесува МИА митрополитот европски Пимен. Владиката Пименсмета дека одлуката за забрана за свештениците, монасите и владиците на МПЦ да ги користат социјалните мрежи, актуелизирана деновиве по иницијатива на владиката Петар, не е особено продуктивна кога станува збор да се има сенс за духот на современиот миг на живеење.
– Сакаме да имаме подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушнеме нивните размислувања. Зошто тогаш да се исклучиме од Фејсбук, вели владиката Пимен.
Свеченостите по повод одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на двете македонски православни црковни општини во Шведска, „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг и „Св.Наум Охридски“ во Малме, првоосновани во редовите на македонската дијаспора во Западна Европа, завршија со света божествена литургија. И двете прослави на македонските црковни оштини, во минатата недела во Малме, и викендов во Гетеборг, со свое присуство ги удостои архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и денеска чиноначалствуваше со светата божествена литургија во православниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top