Кинеските научници создале вакцина против вирусот на птичји грип Х7Н9, што во Кина зарази најмалку 130 лица, од кои 45 починаа, пренесе агенцијата Ксинхуа. Директорот на Кинескиот национален центар за истражувања на грипот, изјави дека тоа е прва противгрипна вакцина, разработена од кинески експерти. Во создавањето на вакцината работеле од болницата на факултетот по медицина во универзитетот Ѓаџин, од универзитетот во Хонг Конг, од Центарот за контрола на заболувањата во Кина, од Националниот институт за контрола на храната и медикаментите и од Кинеската академија за медицински науки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.