Македонската православна црква за своите верници утре ќе организира повторно осветување на мобилни телефони со инсталирана фејсбук апликација, јави порталот козаностра.
Верниците ќе треба три пати да го плукнат телефонот и три пати да кажат “Се откажувам од фејсбук”, по што нивните телефони ќе бидат попрскани со света води и ослободени од злите духови.
За оние најортодоксните, зад Соборниот храм во Скопје ќе биде организирано каменување на ајпади и други таблети. Со чинот ќе чиноначалствува лично поглаварот господин господин Стефан. Поради бројноста на лаптопите, нивното анатемисување ќе оди етапно. Утре треба да дојдат оние со марка “тошиба” и “дел”, во недела “асус”, “асер” и “филипс”, а за од понеделник натаму распоредот ќе биде објавен на фејсбук-страната на МПЦ.
Владиката Пимен има поинкава идеја за решавање на проблемот.
појаснување: Коза Ностра е портал за сатира и измислени вести
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.