| четврток, 6 декември 2018 |

Нинберг е во многу лоша серија, по 10 кола нема победа

Фудбалерите на Нирнберг и под водство на новиот тренер не успејаа да ја забележат првата сезонска победа во Бундес лигата, тие вчера играа против Штутгард 1:1

bundesliga

 

Ведат Ибишевиќ од пенал ушт во 3. минута му донесе водство на Штутгарт, а бод за Нирнберг обезбеди Јосип Дрмиќ три минути подоцна поставувајќи ги конечните 1:1.

Ова беше првиот натпревар од 10. коло во Германското фудбалско првенство во кое денеска играат: Баерн Минхен – Херта, Шалке – Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен – Аугсбург, Хановер – Хофенхајм, Мајнц – Ајнтрахт Брауншвајгер, Волфсбург – Вердер.

Колото ќе биде комплетирани утре со средбите Фрајбург – Хамбургер и Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт Франкфурт.

Табела: Баерн Минхен 23 бодови, Борусија Дортмунд 22, Баер Леверкузен 22, Херта 15, Шалке 14

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top