| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ќе се обрати на Минхенската безбедносна конфренција

Со темата „Безбедност и стабилност во Југоисточна Европа и Кавказ“ претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој учествува на 49. Минхенска конференција, денеска ќе се обрати на сесијата со која ќе претседава Марти Ахтисари, добитник на Нобеловата награда за мир и поранешен претседател на Република Финска.

Се очекува македонскиот претседател Иванов да се сретне и со шефот на турската дипломатија Ахмед Давитоглу, како и со високи функциониери од повеќе земји на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Република Македонија во меѓународните мисии.

На Минхенската безбедносна конференција, која претставува најеминентен форум за прашања од областа на безбедноста, покрај дискусиите за трансатлантската и европската безбедносна архитектура за иднината на европската одбрана ќе се разговара и за сајбер безбедноста и справувањето со тековната криза во Мали и Сирија, како и за Иранското прашање и за балансот на силите во регионот.

Претседателот Ѓорге Иванов на оваа безбедносна конференција во Минхен е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top