| четврток, 6 декември 2018 |

Процесот против осомничените за нападите од 11 септември ќе почне во 2015 година

11 septemvri

Американското воено обвинителство вчера предложи процесот против петмината осомничени соучесници во заговорот за нападите на 11 септември 2001 година во САД да почне во јануари 2015 година.

Предлогот го објави генерал Марк Мартинс, главниот обвинител во случајот, за време на прелиминарните сослушувања во базата Гвантанамо во Куба.

Адвокатот Џејмс Конел, кој го застапува обвинетиот Ал Абдул Азиз Али, изјави дека таквиот краток рок нема да биде доволен за запознавање со целокупниот материјал на 100 илјади страници, поднесен од обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top