
Шпионските афери кулминираа неделава со информациите за прислушкување на европските лидери од страна на американската тајна служба НСА. Но, во исто време, германските медиуми предупредија дека граѓаните освен од Големиот брат, се следат и од автомобилската индустрија.
Според списанието „Авто билд“, произведувачите на автомобили со помош на бројни направи во возилото собираат информации за потрошувачката на гориво, за бројот на патници во возилото или за оптоварувањето, што им овозможува увид во навиките на возачите. Собирањето на овие информации се случува во голема сива зона.
Сопственикот на автомобилот нема можност да направи увид во тие работи затоа што само произведувачите можат да управуваат со одредени направи во возилото. Произведувачите исто така, можатдобиените информации да ги употребат против сопственикот на возилото на пример кога станува збор за гаранција на возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


