После досега одржаните две трки во Куратица (Охрид) водечките места ги имаат претставниците од МК ЛТД спортс – Битола. Секој од нив освои максимални 50 бодови во својата класа: Никола Гулевски (Е1), Михаил Бајовски (Е2) и Борче Костов (Е3).
Организаторите очекуваат триесетина натпреварувачи од 10 клубови. Патеката е со должина од 20 километри, а натпреварувачите ќе треба да ја поминат на три пати во секој од двата натпреварувачки денови.
Во рамките на секој круг ќе има и 2 брзински испити: првиот содржи елементи од мотокрос и ендуро, а вториот екстремни елементи.
Покрај тоа на патеката ќе има и 2 временски контроли и една контролна точка. Збирот на времиња од „брзинците“ и казнените поени од временските контроли од трите кругови ќе ги одредат најдобрите по класи.
Според програмата, стартот на првиот натпреварувачки ден е во сабота 26 октомври од 12:00 часот, а на вториот во недела 27 октомври од 10:00 часот. Збирот на бодови од двата дена ќе ги одреди најдобрите по класи и во клупска конкуренција.
Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2013 се одржува под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



