Статистика покажува дека за сексот во бракот е важно не само квалитетот, но и количината што порано или подоцна неминовно доведува до конфликт на интереси. Бројки се поразителни и покажуваат дека брачните двојки поминуваат насамо, посветени еден на друг, само четири минути дневно. Останатото време посветуваат на работата, децата и домашните обврски.
Освен тоа, статистиката покажува дека 75% од браковите не опстојуваат, ако еден од двајцата партнери изневери. Околу 60 проценти од сопружниците барем еднаш ја изневеруваат својата партнерка. Брак склучен меѓу млади сопружници, односно свадба пред тие да наполнат 25 години значително ја зголемува шансата од развод. Веројатноста двојката да се раздели е поголема и кога жената е постара од мажот.
Освен тоа паровите со деца многу се плашат од развод отколку тие без деца семејства. Истражувањата покажуваат дека 90% од паровите страдаат од намалена сексуална активност по раѓањето на првото дете, а 20% од партнерите имаат секс помалку од 10 пати во годината само две години по свадбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


