Мајката на покојниот сопруг на српската пејачка Гога Секулиќ тврди дека добила ќотек од нејзината снаа во кавга за станот во Белград, во кој живеела двојката пред да почине нејзиниот син.
– Немам веќе што да загубам во животот. Станот е мој и не може никој од него да ме исфрли, но свесна сум дека ќе биде тешко да се живее со Гога. Не можам со неа. Таа ме тепаше ден пред да правиме 40-дневен помен на Игор. Тогаш ѝ го побарав клучот од станот и таа полуде. Почна да ми вика дека нема да го добијам и да ми се заканува дека ќе видам која е Гога – тврди Зорица Терзин.
Таа тврди дека сакала да повика полиција, но пејачката ѝ го зела телефонот од раце и го треснала од ѕид.
Пејачката не била достапна да одговори на обвинувањата, но нејзиниот братучед рекол дека тоа се чисти невистини.
– Покрај трагедијата што и се случи на Гога, неговата мајка и понатаму се занимава со вакви работи. Како баш сега, кога судот донесе одлука клучот од станот да и биде вратен нејзе, Зорица измислува приказна дека била тепана? Зошто за тоа не кажа на суд кога имаше можност да зборува што сака, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.