Премиерот Никола Груевски учствува на рдовниот Самит на Европските народни партии (ЕПП), што се одржува непосредно пред Самитот на Европскиот совет. Главна тема е дигиталната економија, иновациите, но и социјалната политика и Економската и Монетарна Унија, шефовите на државите и Влади членки на Европските народни партии го договорија ставот што ќе го застапуваат на Советот.
-Имаше долги дискусии за различни прашања, но доминираше дискусијата за економијата. Впечаток и залучок е дека економијата е подобрена но Унијата, како што спомена претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, сепак не може да се каже дека дека ЕУ е целосно излезена од кризата. Се говореше и за понатамошните мерки што би требало да се превземат, за прашањето поврзано со банкарската унија, со заедничкиот пазар на телекомуникации, за иновациите и за заштита на личните податоци, изјави премиерот Груевски за МИА.
Околу ставот на екс-бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека Бугарија не треба повеќе да ја блокира Македонија во евроинтеграциите, Груевски рече дека не ја чул изјавата, но ја поздрави.
– Не је слушнав таа изјава, но со него се сретнав неформално и на кратко ми спомена дека дал изјава во таков правец и тоа е изјава што навистина треба да се поздрави, рече македонскиот шеф на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


