| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се објавуваат имињата на неплаќачите на данок

zoran-stavrevski-minister

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информира дека Владата го усвоила законот со кој јавно ќе се објавуваат имињата на должниците и оти ќе биде проследен во собраниска процедура.

– Ќе се овозможи Управата за јавни приходи и Царинската управа да објавуваат листи на најголемите должници на своите веб-страници, при што на таа листа ќе бидат сите неплаќачи на данок. Јавно ќе се објавуваат имиња на граѓани кои должат над две илјади евра, како и фирми кои должат над пет илјади евра – изјави Ставрески при денешната посета на Дојран.

Владата го предлага законот со цел јакнење на даночната дисциплина. Ќе се објавуваат имињата на сите што должат повеќе од 90 дена, односно за долг над 2 илјади евра за физички лица и над 5 илјади евра за правни лица по основа на даноци, царини, акцизи и придонеси. Имињата на неплаќачите ќе се објавуваат јавно на веб-страницата на надлежните институции најдоцна до 10-ти во месецот, по групи на долгови. Даночниот должник неколку дена претходно ќе биде информиран дека доколку не го намири долгот, ќе се најде на листата со должници.

Премиерот Никола Груевски, кој го најави неодамна проектот пред стопанствениците, укажа дека пред компаниите и граѓаните на увид ќе се стават неплаќачите на данок кои се богатат незаконски, го оштетуваат државниот буџет и нелојално им конкурираат на оние што редовно си ги плаќаат обврските.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top