| четврток, 6 декември 2018 |

„Ехо – денови на планинскиот филм“ во кино „Фросина“

Во текот на следната недела, од 28 до 31 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи четвртото издание на планинскиот филмски фестивал „Ехо – денови на планинскиот филм“.

Проекциите на филмовите и презентациите ќе се одржуваат секој ден од 18 до 22 часот, а влезот е бесплатен. Ова е единствена културна манифестација во Македонија која работи на промоција на спортовите во природа и оваа година во програмата се вклучени филмови и презентации на повеќе теми: алпинизам, спелеологија, планински велосипедизам, скијање и сноуборд, BASE скокање и летање со „wing suit“, кајак на диви води, патешествија и едукативни филмови и презентации.

eho1

На програмата оваа година има 18 филмови и 6 презентации од автори од 9 земји. Секојдневно, илјадници луѓе ги живеат своите радости во планините: планинарат, качуваат, скијаат, истражуваат пештери, се пуштаат со кајаци по планинските брзаци, летаат носени од планинските ветришта.

Секојдневно, таа нечија силна љубов кон природата, креира приказни кои никого не оставаат рамнодушен. Ехото создадено во тие авантури, понесено од нивната искреност и едноставност, стигнува и кај нас – нé инспирира и мотивира и ние, со уште поголем жар да ја сакаме природата, да се надминуваме и радуваме во неа, да креираме и да ги пренесуваме и ние нашите приказни и да продолжиме да ја пренесуваме таа енергија.

ЕХО – Денови на планинскиот филм 2013 Панорама од филмовите from Eho mountain film days on Vimeo.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top