Колумбиската полиција во средата уапсила 45-годишна жена којашто е обвинета дека ги продавала своите 12 малолетни ќерки за секс, пренесуваат локалните медиуми.
Според властите, веднаш штом некоја од ќерките ќе наполнела 12 години, Колумбијката се поврзувала со финансиски добростоечки мажи и им нудела сексуални услуги од девојчињата. За секоја девојка таа барала 400 илјади пезоси, околу 200 американски долари.
Овој „бизнис“ на жената бил откриен откако го пријавила една од жртвите. Заедно со мајката уапсен е и 51-годишниот татко на девојките, кој, исто така, бил вмешан во ова злосторство.
Претставници на колумбиската полиција ги повика девојчињата кои страдале од однесувањето на мајката, да дадат изјави. Засеа обвиненијата се засноваат само на една, на најмладата до жртвите, чијашто возраст, како ниту на другите девојки, полицијата не ги открива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.