| четврток, 6 декември 2018 |

Пијаните возачи во Белорусија ќе останат без автомобил

pijan vozacВо Белорусија од денеска важи законот со кој неповратно се конфискуваат автомобилите на возачите кои ќе бидат фатени како повторно возат пијани во текот на една година, јави ИТАР-ТАСС.

Автомобилите ќе бидат продавани и добиените средства може да им бидат дадени на луѓе кои настрадале од пијани возачи.

Мерката ќе важи и за автомобилите што не се сопственост на прекршителите на одредбата. Исклучок се предвидува само за украдените возила.

Забележливо се зголемуваат и казните за пијаните возачи и за давање на пијани луѓе да управуваат автомобили. Од три на 10 години затвор се зголемува максималната казна за пијаните возачи, по чија вина загинале две или повеќе лица.
Според официјални податоци, секоја година во Белорусија се приведуваат над 55.000 пијани возачи. Околу 1.000 од нив ваков прекршок прават повеќе од еднаш годишно.

Во првата половина на оваа година биле приведени повеќе од 20.000 пијани возачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top