| четврток, 6 декември 2018 |

Русија: Во „Гринпис“ сега не се пирати, туку хулигани

GreenpeaceРусија ги олесни обвиненијата против активистите на „Гринпис“ кои се обидоа да се качат на нафтена платформа на „Газпром“ во Арктикот, соопшти рускиот Истражен комитет.

-Сега обвиненијата не се однесуваат за пиратство, туку на хулиганство. Тие се помалку сурови и активистите може за нив да добијат до 12 години затвор. Максималната казна за претходните обвиненија беше 15 години затвор- посочуваат од таму.

„Гринпис“ , меѓутоа, не е задоволна од оваа одлука на руските власти и повторно повика нејзините 30 активисти да бидат ослободени. Меѓународната организација ги оцени новите обвиненија за хулиганство како крајно несоодветни.

– И двете обвиненија се плод на фантазија, која нема ништо заедничко со активноста, соопшти „Гринпис-Русија“.

Судот во северниот руски град Мурманск денеска ќе ги разгледа последните три жалби на активистите против нивното двомесечно останување во притвор заради обидот за качување на нафтената платформа на „Газпром“ во Арктикот. Мерката им беше одредена на вкупно 30 активисти на еколошката организација „Гринпис“ и нивни поддржувачи. Сите досегашни жалби беа отфрлени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top