| четврток, 6 декември 2018 |

На Ѓоковиќ не му пречи ништо, го прегази Рохус во Дејвис купот

Новак Ѓоковиќ игра извонредно на сите можни тениски подлоги, а нова рутинска победа забележа во Дејвис купот против Оливие Рохус. Со 3-0 во сетови на земјениот терен во Шарлроа, Новак беше подобар од еден од ретките тенисери што против него имаше позитивен скор. До овј меч Белгиецот имаше биланс од 3-2, но Ѓоковиќ не му даде можност пак да слави. Србија по триумфот на Новак води со 2-0 во поени, откако претходно во маратонски меч Виктор Троицки со 3-2 го победи Давид Гофан. Белгискиот тенисер водеше со 2-0 во сетови, но ја испушти предноста и му дозволи на Троицки да направи комплетен пресврт. Србите се жалеа на лошиот квалитет на теренот, каде врз паркетот во салата „Спиридом“ има поставено земја за да може да се игра тенискиот дуел. Интересно е што Ѓоковиќ пред само неколку дена го освои Австралија опен во Мелбурн каде се играше на отворено и на брза подлога. сосема различна од земјената во Шарлроа.

Предност од 2-0 во поени по првиот ден во натпреварите од стартното коло во светската група има и Казахстан против Австрија и Франција со Израел. Резултатот на натпреварот меѓу Швајцарија и Чешка е 1-1, а Хрватска води со 1-0 нагости кај Италија, исто како и Аргентина, но на домашен терен против Германија. Вечерва ќе почнат и тениските пресметки во кои САД е домаќин на Бразил, а Канада ја пречекува Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top