| четврток, 6 декември 2018 |

Секретарката доби круна

Пред пет години Пегилејн Бартелс работела како секретарка во Вашингтон, а сега е кралица. Таа била вработена во Амбасадата на Гана во САД и живеела во мал и скромен стан.

Во 2008 година во четири часот наутро ја разбудил телефонот. Ѝ се јавила нејзината роднина од родното село на Пеги, Отуама, мало рибарско село на крајбрежјето на Гана. Роднината не ѝ рекла ништо друго освен „Ти честитам, ти си новата кралица на Отуама“.

– Ѝ реков: „Овде е четири часот наутро и многу сум уморна. Остави ме да спијам“, затоа што мислев дека се шегува со мене – изјавила Бартелс.

Но, не било шега. Нејзиниот вујко, кој бил крал на ова африканското село, починал. Собранието на старци ја забележало Пеги уште кога доаѓала да го посети вујкото и одлучило таа да биде нивниот нов владетел.

Бидејќи сфатила дека не станува збор за шега, прифатила да им биде кралица на седумте илјади поданици.

Пеги сѐ уште работи во Амбасадата и 11 месеци е секретарка, а еден месец во годината господарува. Селаните ѝ се поклонуваат на улица, таа донесува одлуки и прима делегации. Успеала дури и да му помогне на селото и да го направи познато во светот.

Собира пари за школарина за сиромашните, донесе компјутери во училиштата, нејзините работодавци од американската амбасада ѝ помогнале да отвори и селска амбуланта и да обезбеди чиста вода за пиење во селото.

Приказната за кралицата Пени веќе е преточена во книга, а наскоро за неа Вил Смит ќе снима филм. Кралицата, или секретарката, Пени во филмот ќе биде Квин Латифа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top