| четврток, 6 декември 2018 |

Дунав – Морава – Вардар – канал кој ќе биде исплатлив за земјава

ploven vardar

Каналот Дунав – Морава – Вардар е исплатлив. Србија очекува интерес од Македонија и Грција од овој мега проект.

-И Македонците и Грција го чекаа исходот од кинеската студија. Откако се потврди дека проектот е исплатлив, очекувам македонската страна да ја повика кинеската компанија да разговори. За жал, немам право да влијаам на сето тоа, но мојата улога во целата оваа работа е да ја известам македонската страна за конкретните резултати од оваа студија и врз основа на тоа што тие го покажаа како желба и интерес да ги забрзаме разговорите – вели Милан Бачевиќ, српски министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање.

Тој во интервју за српските медиуми вели дека Македонија е подготвена да разговора за пловниот канал, проект чија реализација ќе чини меѓу 10 и 15 милијарди евра. Ќе биде долг 650 километри и преку Вардар ќе излегува на Егејското море. Покрај транспортната функција во него се планирани и осум хидроцентрали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top