
Неработен сончев и топол ден – вква е прогнозата за неработната среда, кога Македонија го празнува 23 Октомври, денот на ВМРО. Според прогнозата на Метеопро продолжува трендот на топло, сончево и суво време. Температурата и понатаму ќе има максимум кој е над просекот за овој дел од годината. Во југоисточниот дел од земјава до 27°С, во централниот крај помеѓу 23°С и 25°С, а во југозападниот регион помеѓу 21°С и 24°С.
Во Скопје ќе имаме сончево и тивко време, а максималната температура ќе достигне вредност до 26°С. Минималната температура во Скопската котлина ќе се спушти до 7°С. Ветерот ќе биде претежно слаб од јужен правец.
Слична е прогнозата и за деновите до крајот на наредната недела. Какво време не очекува во оваа октомвриска недела прочитајте на Метеопро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


