| четврток, 6 декември 2018 |

Болт нема да учествува на Олимписките игри?

Јусеин Болт можеби нема да биде дел од Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година

usainbolt_2300716b

Светската антидопинг-агенција (WADA) се закани на Атлетскиот сојуз на Јамајка дека нема да може да настапи на Игрите и на светските шампионати доколку не воведе почести допинг-контроли.

Откако пет Јамајчани беа позитивни на допинг, меѓу кои Асафа Пауел и Шерон Симпсон, Агенцијата побара голема истрага и почести тестирања на спортистите од Јамајка. Меѓутоа, тоа не се практикува.

– Тоа е неприфатливо. Ќе реагираме во согласност со нашите правила, нема мирно да седиме и да гледаме што се случува. Тие мора да ги следат интернационалните стандарди, во спротивно ќе следуваат драстични мерки – се наведува во соопштението на Агенцијата.

Иако Јусеин Болт и Јохан Блејк редовно се контролирани, доколку Атлетскиот сојуз на Јамајка не ги спроведе препораките, можно е двајцата атлетичари да не учествуваат на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top