Премиерот во обраќањето пред околу 3.000 функционери од Скопје и од останатите градови во земјава најави дека во завршна фаза е новиот закон за администрација. Премиерот Никола Груевски им порача на раководните лица во јавната администрација да бидат отворени, јасни и транспарентни затоа што тоа се почитува и да не остават ниту малку сомнеж или некому надеж дека може да ги поткупи. Во обраќањето со кое денеска Владата почна да го применува концептoт Менаџмент етика премиерот на првите луѓе во администрацијата им укажа да не очекуваат заштита ако влезат во корупциска зделка од било каков карактер.
– Независно на која партија припаѓате или за кого сте гласале. Независно кој Ви е роднина, или сопруг или сопруга, чичко или вујко, комшија или близок пријател. Чувајте си го образот, и не само тоа: секој обид за поткуп пријавете го во соодветните институции без колебање и одлагање, рече Груевски.
Побара да не премолчуваат кога гледаат корупција, или незаконско и неетичко работење. Со секое премолчување, укажа, вие сте соучесник и со тоа правите штета некому, но и на државата.
– Секаде каде ќе забележете неправилност во работењето, во смисла незаконско работење, некој некому да дава нечесни привилегии, или слично, не молчете и не се правете дека не сте виделе. Пријавете и борете се против тоа. Колку повеќе така постапуваме толку повеќе ќе имаме поправична и посилна држава. Ако некој ве нарече кодош, знајте дека не сте кодош ако сте спречиле или пријавиле корумпирано и криминлно работење. Вие сте херој, а не кодош, наведе премиерот и додаде дека во таква ситуација би било неетично немото гледање.
Порача и да не се препраќаат луѓето и фирмите од шалтер на шалтер ако можете да им се помогне. За тоа, потсети, недамна се донесоа и закони, а за непостапувањето се предвидени многу високи казни. – И тоа, за службеникот од 1.500 до 3000 евра за секој одделен случај, за раководителот на сектор од 3.000 до 6.000 евра, а за раководителот на институцијата (министер, директор и сл.) од 7500 до 15000 евра, и нема начин како да се избегне ова. Законот е така направен што непостои начин да се изигра. Дури и директорот на управната инспекција или министерот надлежен за администрација да сакаат да ве заштитат, законот е таков да на крајот тие ќе треба да ја платат казната, рече Груевски.
Најави дека во завршна фаза е новиот закон за администрација, кој ќе донесе крупни промени, какви што немало до сега.
– Кариерно напредување, тестирања, многу обуки, многу отценувања на работењето, наградувања и казнувања според учинокот и многу новини што досега не биле дел од нашиот систем. Го подготвувавме цела година, и ќе биде меѓу најдобрите неколку во Европа, наведе премиерот упатувајќи молба неговите пораки раководните лица да ги пренесат до сите нивни колеги во државните и јавни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии