| четврток, 6 декември 2018 |

Јазикот проблем за соработка меѓу Албанскиот театар и македонските театри

albanski teatar

Албанскиот театар во Скопје има соработка со други албански театри, но не и со македонските. Според директорот на албанскиот театар Адем Карага причина е јазичната пречка, која  останува пречка за реципрочна соработка.

– Треба да имате в предвид дека постои јазична пречка, но не кај Албанците, туку кај Македонците. Затоа не постои реципрочна соработка во артистичкиот дел, со одредени искучоци, но што се однесува на техничкиот дел или, пак, на размена на техничка опрема,  тука постои одредена соработка – вели Карага во интервју за „Република“ на албански јазик.

Од друга страна, пак, албанските актери често играат во македонски театри. Во последниот период се вработија некои од албанските актери во македонските театри, како што е случајот со Висар Вишка, Денис Абдула…

Директорот Карага вели дека условите во театарот не се променети цели 40 години. Тој очекува дека со новата изградба на театарот, активности што треба да почнат во блиска иднина, ќе се променат и условите за работа.

Интервјуто на албански јазик слушнете го на shqip.republika.mk

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top