Камион натоварен со пиротехнички средства експлодирал во Кина. Возилото минувало преку мост во кинеската провинција Хенан. Од експлозијата се срушил мостот убивајќи 26 луѓе. Светските агенции пренесуваат дека камионот „ненадејно експлодирал“ на мостот, од кој се срушил дел долг 80 метри, а шест возила биле пронајдени во урнатините. Се работи за мостот, во близина на градот Санменси, кој е дел од автопатот Г30, односно најдолгиот пат во Кина. Тој се протега на речиси 4.400 километри од западната кинеска граница со Казахстан до Жолтото Море.
Во Кина има голем метеж на патиштата воочи најважниот кинески празник, кинеската Нова година, која почнува на 10 февруари. Стотици милиони луѓе заминуваат во своите родни места и тоа е најголемата годишна миграција на луѓе.
Според статистиките на полицијата, околу 700.000 луѓе гинат, а 300.000 се повредени во сообраќајни несреќи секоја година во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


