| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина цвета бизнисот со инсекти

Препораката на Обединетите нации, луѓето да почнат да јадат инсекти бидејќи се добар извор на протеини, им дојде добро на кинеските одгледувачи на бубачки.

Во земјата со најмногу жители моментално постојат преку 100 фарми, а секоја недела се отвораат нови.

Ванг Фуминг е еден од најголемите светски произведувчи, има шест фарми на кои одгледува околу 10 милиони инекти.

Bubasvabi1

По извештајот на Обединетите нации, цената на бубачките оди нагоре, па така за еден килограм ќе треба да платите 40 долари.

Покрај храната, на цената влијае и големата побарувачка во кинеската медицина, а и производството на козметика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top