Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одржи седница на која ќе ги соопшти новите малопродажни цени на нафтените деривати за македонскиот пазар. Дали ќе поскапат горивата или ќе поевтинат, ќе се знае утре попладне.
На светските берзи, цените на нафтата паднаа откако инвеститорите направија профит, после постигнувањето договор во САД за подигање лимитот за задолжување.
Сепак, и натаму постои загриженост дека договорот – кој го продолжува рокот за позајмување на Владата на САД до 7 февруари – може да биде само привремена мерка и дека проблемите може да се јават во текот на следните неколку месеци.
Барел американска „лесна“ нафта за испорака во ноември имаше цена на Меркантилната берза во Њујорк од 102 долари, додека нафтата од типот „брент“ во Лондон поевтини на 110,58 долари за барел.
Со последната своја одлука, Регулаторната комисија изврши намалување на цената на нафтата во просек за 3,5%, па така во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи за 79,50 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) на бензинските пумпи низ Македонија се продава за 69,50 денари за литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст