| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска останува до крај со Македонија

На маргините на Минхенската безбедносна конференција денеска Македонскиот претседател Иванов се сретна со шефот на Шведската дипломатија Карл Билд еден од најдобрите познавачи на Балканот и прашањето за името од актуелните европски министри за надворешни работи.

На средбата Билд му заблагодарил на Иванов за конструктивната улога која ја игра во надминување на политичката криза во Македонија и порачал дека тој и неговата земја остануваат искрени поддржувачи на Македонија  во обидот земјата да стане членка на ЕУ и НАТО.

Претседателот Иванов и Министерот за надворешни работи Попоски ја сочинуваат Македонската делегација на конференцијата за глобални безбедносни предизвици која секоја година се одржува во главниот град на Баварија.

Потпретседателот на Сад, Бајден, рускиот министер за надворешни работи Лавров , првите луѓе на НАТО и Европската комисија Расмунсен и Баросо се дел од над 400 влијателни светски претставници кои  пристигнаа во Минхен да разговараат за кризата на еврото, војните во Мали и Сирија кои се централни теми оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top