| четврток, 6 декември 2018 |

„Кловн“ застрела водач на наркокартел во Мексико

meksiko ubien narkobos

Еден од поранешните водачи на Тихуанскиот наркокартел, Франциско Рафаел Арелјано Феликс бил убиен во Мексико од човек облечен во костум на кловн. Според тамошната полицијала Рафаел Арелјано Феликс бил застрелан за време на детски карневал што се одржувал во одморалиштето Лос Кабос во мексиканската сојузна држава Јужна Долна Калифорнија (Baja California Sur).

Локалните медиуми пишуваат дека сње претпоставува убиецот дошол на празникот преправен во кловн и го застрелал Франциско Рафаел Арелјано Феликс со два истрела од пиштол. Убиениот е најстариот од браќата Арелјано Феликс кој во 1993 година беше осуден на 15 години затвор поради трговија со дроги во САД.

Картелот дејствува во оддалечениот северозападен дел од државата Долна Калифорнија, на границата со американскиот град Сан Диего. Криминалците од оваа организација криумчарат наркотици на богатиот американски пазар, а се занимаваат и со киднапирања и изнудувања. Според различни процени на полицијата и американските безбедносни служби, картелот под контрола има околу илјада вооружени „војници”.
Браќата Арелјано Феликс го водеа еден од најголемите наркокартели во текот на 1990-те во Мексико. Едниот од нив, Рамон, беше застрелан во 2002 година во престрелка со полицијата, а другите помлади браќа Хавиер, Бенџамин и Едуардо се екстрадирани во САД каде што сѐ уште отслужува долгогодишна затворска казна. Во меѓувреме, според мексиканските медиуми, картелот од Тухуана го раководи нивната сестра Енедина Арелјано Феликс, станувајќи првата жена на ваква „позиција” во Мексико

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top