| четврток, 6 декември 2018 |

25 годишна тетовка прегазена од мерцедес- девојката се бори за живот

policija_soobrakajka

25 годишна девојка од Тетово е повредена во тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнево во Тетово.  А.Р.(25) била тешко повредена откако врз неа налетал „мерцедес“ со тетовски регистерски таблички што го управувал А.А.(20) од селото Мерово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации сообраќајката се случила на улицата „Видое Смилевски Бато“ при што А.Р. се здобила со фрактура на десното рамо, потрес на мозокот и внатрешно крварење. По укажаната лекарска помош во тетовската болница таа во бесознание, како итен случај  била  пренесена на скопските клиники.

-Возачот и автомобилот се обебзедени а полицијата, истражен судија и јавен обвинител во мометот вршат увид на местото од сообраќајката изјави Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top