Љубителите на анимираната американска серија „Саут парк“ останаа изненадени кога, наместо очекуваната нова епизода „Готски деца 3: падот на позерите“, била емитувана реприза.
Ова е првпат авторите на серијата да не стигнат навреме да ја достават епизодата, а причина за тоа било тоа што продукцијата останала без струја.
– Лошо е кога нема да стигнете да ја емитувате епизодата навреме, ама со оглед дека во последните години секогаш ја доставувавме во крајниот рок, вакво нешто мораше да се случи – изјави Треј Паркер.
Новата епизода ќе биде емитирана идната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


