Новиот филм „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски, кој во моментов е во фаза на постпродукција, влезе во селекцијата на „AGORA Work in Progress“ на Меѓународниот филмски фестивал во Солун, каде што ќе се натпреварува за награда вредна 70.000 евра, во постпродукциски услуги. Исто така, во оваа пригода филмот ќе биде презентиран пред сејлс агенти, дистрибутери и селектори на меѓународни филмски фестивали, во најава за неговата официјална премиера во 2014 година.
Програмата „Balcan Survey “ (Поглед кон Балаканот) на овој фестивал, оваа година го прославува 20. роденден и во таа чест ќе прикаже 17 најзначајни филмови кои биле во селекција на оваа програма во изминатите дваесет години, а меѓу нив ќе биде прикажан и „Илузија“ на Ристовски, кој беше во селекција на фестивалот во Солун во 2005 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција