Пет патници се повредени во сообраќајна незгода, која се случи синоќа, на регионалниот пат Струмица – Дабиле. Сите биле примени во струмичката болница, каде што им е укажана лекарска помош. За среќа, сите поминале со полесни телесни повреди, без скршеници и опасност по нивните животи, објави Радио Струмица Нет.
Сообраќајката се случила по 19 часот, кај крстосницата за Сачево откако се судриле две патнички возила „фиат пунто“ и„голф“. Во возилото марка „фиат пунто“, кое се движело кон Берово, се превезувале лицата: К.К.(47), К.Д. (73) и К.В.(73), сите од селото Русиново, Беровско, додека во другото патничко возило, марка „голф“, се превезувале лицата: Б.П. (42) и К.П.(42) од Струмица.
На возачот на возилото „Голф“ му е направен алкотест во болницата и лекарите констатирале поголемо количество алкохол од дозволеното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.