-За еден ист случај во кој мерка притвор им е одредена на дваесетина лица, СДСМ си одбраа еден човек и се обидоа да ја девалвираат работата на МВР, Јавното обвинителство и судовите. Не реагираа, ниту кажа зошто вториот човек на УЈП, директорката на УЈП Скопје се најде во притвор. На СДСМ не му е грижа зошто тоа е така, од причина што таа е директор поставена на функција од ВМРО-ДПМНЕ, а не од СДСМ. За неа никој не коментира, меѓутоа за друг што е уапсен, тоа е политичко апсење, партиски реваншизам- рече премиерот Никола Груевски пред граѓаните на трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, а осврнувајќи се на полициската акција „Претседавач“, во која меѓу уапсените е и претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ.
Тоа е нашата разлика- неселективноста. Ќе имаме нулта толеранција во борбата против криминалот и корупцијата, на тоа остануваме и така ќе биде додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт во оваа држава, додава Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.