МАНУ подготвува официјална реакција заради откривањето на спомен обележјата во струшко посветени на Охридско – дебарското востание против српската војска пред 100 години од страна на претседателот на Албанската академија на науките и уметностите. Според академик Цветан Грозданов МАНУ не била информирана за неговото присуство на свеченостите што се одржаа во повеќе струшки села, каде без одлука на надлежните институции се поставени спомен плочи испишани само на албански јазик, и тоа на места каде според научните истражувања има црковни објекти од 14 век.
За Охридско – дебарското востание неодамна во Охрид и Дебар заеднички дискутираа историчарите Македонци и Албанци, кои искажаа различни видувања за историскиот настан од пред еден век, за кој во јавноста недоволно се изнесени релевантни научни сознанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.