| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте најуспешни албански компании на македонскиот пазар

albanski kompanii

Десетте најголеми албански компании во вкупниот промет на земјата учествуваат со 1,5 процент, тврдат од Стопанската комора на северозападна Македонија. Според нив, како што објави Република на албански јазик,  од овие компании, 64 реализираат годишен промет над 2.000.000 евра, над 5.000.000 евра годишен промет реализираат 20 компании, а над 9.000.000 евра годишен обрт реализираат 9 компании. Пет компании имаат годишен обрт над 27.000.000 евра.

Во листата на десет најуспешни компании влегуваат „Гемак“, фирма за дистрибуција на алкохол, цигари и кафе, потоа Еуро Актива, Еуро Медиа, Даути Комерц, Алма М, Јус МБ, Адријус, Бас тути фрути, Вардар Доломит, Кокра е Арте.

Според претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, во овие кризни времиња компаниите се соочуваат со ниска побарувачка, како на домашниот пазар, така и на странскиот.

– Сепак, тие успеале да постигнатт околу 530 млиони евра вкупен годишен промет, а повеќето од нив успеале да ги задржат своите позиции од претходната година меѓу најдобрите 100 компании. Им честитам за успехот, професионалноста и покажаната посветеност. Сто албански најуспешни компании покажаа завидни резултати во 2013 година и се надевам дека така ќе продолжат и во иднина – изјавил Кучи.

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, вели дека во стоте најдобри компании има компании од различни сектори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top