| четврток, 6 декември 2018 |

Силикон – за задоволства еден тон

Бразилските научници неодамна спроведоа необично истражување поврзано со силиконските импланти.

Следењето на однесувањето на 45 жени пред и после нивната операција за зголемување на градите, покажа дека нивниот сексуален живот е значително подобрен по „украсувањето“ на нивното деколте со пластична хирургија.

Дали е ова поради повторно пробудување на страста кај нивните партнери или пак зголемената самодоверба на жените?

– Мислам дека градите се многу важен дел од телото на жената и во голема мера влијае на довербата и начинот на кој една жена се чувствува секси или не – објаснува д-р Дејвид Рит, претседател на Американското здружение на пластични хирурзи.

– Не е невообичаено по операцијата да дојде до значително зголемување на самодовербата кај жените – додава тој.

Според Рит, токму поради тоа жените со силикони повеќе уживаат во сексот, како и послободно се препуштаат на игрите во кревет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top