| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не сака да е бог на сексот

Екранизацијата на популарниот роман „5о нијанси сиво“ им донесе на продуцентите многу поголеми маки отколку што очекуваа. Имено, откако пред неколку дена веќе одбраниот актер за главната улога, Чарли Ханам, се откажа од проектот, наводно, поради работни обврски, никој не сака да го замени.

Актерот, познат по неговата улога во серијата „Синови на анархијата“, според американските медиуми не можел да го издржи притисокот и вниманието што му ги донесе улогата на перверзниот богаташ Кристијан Греј.

За работите да бидат уште полоши, се шпекулира дека и актерката Дакота Џонсон, која требаше да биде партнерка на Ханам во филмот, исто така, ќе се откаже од својата улога на Анастасија Стил.

Според американските медиуми, и таа има проблем да се соочи со притисокот откако дел од обожавателите побараа да биде заменета со нова актерка, сега кога е сигурно дека ќе има нов Кристијан Греј.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top