Познатата група „Нирвана“ првпат е номинирана за влез во „Куќата на славните рокери“.
Повеќе од 600 гласачи ќе донесат одлука дали американската група ќе им се придружи на многубројните звучни имиња од светот на музиката, а свеченоста ќе се одржи во април в година.
Покрај „Нирвана“ , британскиот кантавтор Питер Габриел и групата „Кис“, исто така, се номинирани за „Куќата на славните“, соопштија организаторите.
„Нирвана“ првпат е номинирана, а ако ја помине селекцијата, групата ќе влезе во Куќата на славните 20 години по самоубиството на нејзиниот водач Курт Кобејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.