Тужбата на македонската пејачка Елена Ристеска против Боки 13 е отфрлена како неоснована. Тужбата следела откако шоуменот на својот профил на „Фејсбук“ објавил краток текст со навредувачка содржина, за кој пејачката тврдела дека е посветен токму за неа.
Пред речиси две недели, заврши судскиот спор во кој Елена и Дарко Димитров го тужеа Боки за неговата изјава дека тие двајца се во љубовна врска. Судскиот процес траеше три години, а Боки за тоа си плати глоба од 24.000 денари.
Меѓутоа, додека траел тој судски спор, шоуменот на својот профил на „Фејсбук“објавил краток текст со навредувачка содржина, за кој пејачката тврдела дека е посветен токму за неа, па решила да поднесе уште една тужба против Јовановски – објави Телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.