| четврток, 6 декември 2018 |

Селанец го носел на грб за да не ги извалка кондурите

Кинески функционер е сменет од должноста откако се појави фотографија на која се гледа како еден селанец го носи на грбот за да не си извалка чевлите додека ги посетувал поплавените области.

Фотографијата, која се појави на социјалните мрежи, го прокажува извесниот директор Ванг како еден селанец го пренесува преку вода.

Ванг дошол во посета на поплавените места во платнени чевли кога се нашол пред голема бара со вода, тогаш еден селанец го пренел до другиот крај.

– Селанецот го носеше Ванг на грбот иако тој инсистираше да оди бос – вели извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top