Казна за погрешно паркирање во Лондон ќе мора да плати и Хилари Клинтон. Вработениот на службениот паркинг си остана доследен на работата и покрај тоа што го обиколи обезбедувањето на некогашната прва дама на САД.
Службеникот на паркингот ѝ напиша казна на Хилари Клинтон поради тоа што тој забележил дека сребрениот „мерцедес“ бил паркиран таму 45 минути, а паркингот не е платен.
Веднаш околу него се собрало обезбедувањето за да му објасни чие е возилото, но тоа воопшто не го интересирало.
Казната што треба да ја плати Клинтон изнесува 80 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.