Крајниот епилог на натпреварот на репрезентацијата на Србија против Македонија е 5:1
Првиот гол за Србија го постигна нашиот репрезентативец Ристовски во 16 минута (автогол), во целата мешаница по изведениот корнер Ристовски ја смести топката во сопствената мрежа.
По првиот гол со долги додавања и доминација на средината на теренот, Србите не притиснаа и беа ефикасни по 2 пат со голот на Баста во 19 тата минута.
Ситуацијата не се смени и во понатамошниот тек, нашата репрезентација делуваше некоординирано и направи повеќе прекршоци од нервоза, прво Ристовски во 25 та минута доби жолт картон, па по него и Ранѓеловиќ, Костовски и Грнчаров.
При крајот на првото полувреме во 38 минута Коларов ни ја запечати судбината од пенал.
Српската симултанка продолжи и во второто полувреме, во кое нашите фудбалери продолжија да бидат неми гледачи на доминацијата на противниците. Јасно беше дека тоа ќе биде крунисано на гол, а на него не се чекаше многу, Баста во 53. минута уште еднаш се најде осамен по десната страна, несебично нафрли кон средината, каде Тадиќ рутински го совлада немоќниот Пачовски.
Баста го продолжи своето шоу со нова асистенција, овојпат до Шчеповиќ, кој со прецизен удар со глава во 74. минута го постигна петтиот гол за српскиот национален тим. Јаховиќ влезе во игра и успеа да постигне почесниот гол, со што беше ставена точка на овој ужасен натпревар, кој јасно покажа зошто Македонија ги заврши квалификациите како последна во својата група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Јакимовски: Граѓаните избраа приказни а не работа