| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најскапиот албум на светот?

Одговорот на тоа прашање е „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ на англискиот бенд Битлс од 1967-ма година.

Тоа е еден од најпознатите албуми и се разбира еден од најдобрите во историјата на музиката. Но, што е посебно кај овој албум што е толку скап? Специјалното издание од 50 примероци од албумот на кој од омотот наместо лицата на четворицата „битсли“ се лицата на директорите на продуцентската куќа која стоела зад групата.

Овие примероци излегле кратко по објавувањето на самиот албум, и биле поделени на луѓе на забава, што значи дека околу 50 луѓе ги поседуваат специјалните и ретки уникатни примероци.

Не е познато колку од нив до денес се зачувани и во каква состојба, но еден примерок вреди 70.000 фунти, според Record Colector.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top