| четврток, 6 декември 2018 |

Необичен натпревар: Двајца руски милионери потрошиле 130.000 фунти за алкохол

Двајца руски милионери во лондонскиот клуб „Kitsch London“ потрошиле 130.000 фунти, натпреварувајќи се кој ќе плати поголема сметка.

Сопствениците на локалот одбиле да ги соопштат имињата на милионерите.

Тие во клубот биле околу три часа и постојано порачувале огромно количество скап алкохол. Кога едниот од нив ќе порачал неколку шишиња, другиот плаќал за тоа уште повеќе. На крајот биле порачани 84 шишиња шампањ „Дом Перињон“, од кои секое чинело по 325 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top